Родител ја нападнал наставничката зошто ќерка му успешно го завршила основното училиште

Од:

Незадоволен родител вчера во хрватското место Вргорац ја нападнал наставничката кога видел дека неговата ќерка успешно го завршила осмото одделение, пишува весникот „Слободна далмација“.


Таткото дошол да го земе сведителството на својата ќерка и кога видел дека неговото дете го поминало осмото одделение, буквално збеснал.


Тој веднаш отишол во канцеларијата на директорката и почнал да ги фрла плакарите низ ходникот и го искинал сведителството. Откако не ја пронашол директорката, во пресрет му дошла наставничката на која и удрил шлаканица.


Синовите на наставничката застанале во одбрана на својата мајка, но и нив ги нападнал. Тие веднаш биле однесени во амбалунта каде им била дадена медицинска помош.


Причината за ваквото однесување на родителот е многу необична.


Неговата ќерка немала доволно бодови за да се запише во средното економско училиште, па таткото сметал ако го повторува одделението, следната година би можела да биде ученичка во друго основно училиште, да ги поправи оценките и да собере доволно бодови за упис.


Напаѓачот по инцидентот се обидел да избега во БиХ, но е фатен и уапсен.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами