ЕУ обезбеди вакцини против Ковид-19 за 70 отсто од возрасната популација

Од:

Европската унија ја постигна својата цел да достави доволно вакцини против коронавирус со цел да опфати 70 проценти од возрасната популација, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Владите на 27-те земји членки се одговорни за аплицирањето на вакцините на граѓаните и некои работат многу побрзо од другите, истакна Фон дер Лајен, додавајќи дека „ЕУ го одржала својот збор“.

Заедничката шема за купување вакцини во ЕУ, предводена од Европската комисија на Фон дер Лајен, достави 330 милиони дози на Фајзер/БиоНТек, 100 милиони на Астра Зенека, 50 милиони на Модерна и 20 милиони на Џонсон и Џонсон. За сите, освен за Џонсон и Џонсон, потребни се две дози за да бидат целосно ефикасни, а во ЕУ живеат околу 366 милиони возрасни лица.

– Овој викенд доставивме доволно вакцини до земјите-членки за целосно вакцинирање на најмалку 70 проценти од возрасната популација овој месец. До утре, околу 500 милиони дози ќе бидат распределени во сите региони на Европа, рече Фон дер Лајен.

Според неа, „Ковид-19 се уште не е победен“.

– Но, ние сме подготвени да продолжиме да испорачуваме вакцини – исто така против новите мутации. Сега земјите-членки мора да сторат се што е можно и да гарантираат дека вакцинациите се движат напред. Само тогаш сите ќе бидеме безбедни, потенцира претседателката на ЕК.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски