Комплетно е реконстуриран и од утрово е пуштен во употреба паркинг просторот и пристапот до Клиниката за стоматологија, а направена е комплетна реорганизација на паркот околу Клиниката со нови клупи и зеленило, објави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Посочува дека заедно со Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов направиле комплетна реконстукција и обнова на пристапот, паркинзите и просторот за движење на амбулантни возила и движечки и недвижечки пациенти во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“.
-Тројно е зголемен капацитетот за паркирање со новиот паркинг кој лани се постави до Клиниката за Гинекологија и акушерство. Комплетно нов простор е обезбеден и кај Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кадешто има обезбеден и паркинг до модуларната болница, напиша Филипче.