Откажани прегледите на Клинички поради посетата на папата

Од:

Сите закажани термини за прегледи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за 7 мај се откажани. Оваа одлука е донесена од Министерството за здравство, а ја потврдуваат и од „Мој термин“. Причината за откажаните термини е посетата на папата Франциск во Скопје.

„Прегледите за на 7 мај се откажуваат. Ова е поради посетата на Папата и почитување на протоколот“, велат од „Мој термин“ за „А1он“.

На прашањето кога ќе се реализираат термините кои се откажуваат, од „Мој термин“ немаат одговор. Тие велат дека очекуваат официјално известување од кабинетот на министерот за здравство, а потоа ќе ги иформираат пациентите, чии термини се откажани.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Чолакова Дервишова: „Мој Термин“ пак не работи, илјадници пациенти не можат да добијат хронична терапија

Орце Костов

Граѓаните испиле 1,3 милиони пакувања диазепам: Расте потрошувачката на лекови за смирување

Орце Костов

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска