Две организации донираат медицинска опрема во Клиничкиот центар во Скопје

Од:

Mедицинска опрема за Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје ќе донираат денеска Асоцијацијата Алзас – Македонија и хуманитарната организација „Надеж на Ориентот“ од Алзас, Република Франција.

Станува збор за донирање колички за лица со ограничена мобилност, помагала за движење и болничка опрема.

Примопредавањето на донацијата е во рамки на акцијата, што ја спроведуваат овие две организации кои вчера донираа медицински помагала и опрема во ЈЗУ Здравствен дом во Велес и во Болницата за белодробни заболувања во Јасеново.

Акцијата за донација на опремата се одвива во патнерство со фондацијата „Фокус“- Велес, Општина Велес и хуманитарната организација „House of hope – Ленче Здравкин“.

Би можело да ве интересира

Реконструирани паркинзите во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“

Ана Ололовска

Клиничкиот кампус со комплетно нов лик, нема повеќе сообраќаен хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Државата ќе се задолжи со половина милијарда евра за изградба на новиот клинички во Ѓорче Петров

Габриела Димковиќ-Мишевска

Изградбата на новиот Клинички центар треба да почне во текот на зимата

Ана Ололовска

Откажани прегледите на Клинички поради посетата на папата

Синдикат на Клинички центар до Филипче: За затворање на болници треба да одлучат граѓаните

Предраг Петровиќ