(ВИДЕО) Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника – никој не го санирал две години

Од:

Потпорниот ѕид на улицата која минува над Клиничкиот центар, над Детската клиника, се сруши. Информацијата ја потврди и Центарот за управување со кризи ЦУК.

За овој ѕид ЦУК алармираше уште пред една година дека постои ризик да се сруши и алармираше до институциите и до Министерството за здравство да го санираат.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кажа дека од нивна страна веднаш биле известени Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар, како и МВР за да преземат мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните.Но денес добиле пријава дека дел од зидот се урнал, а дел од зидот завршија на улицата.

„Неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од наша страна беа известени сите надлежни институции, за преземање на сите потребни мерки. После 1,5 година не е преземено нешто, и наутро добивме пријава дека дел од овој ѕид е срушен, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улицијата, по што можна е поголема трагедија. Од страна на ЦУК во повеќе наврети е инвертернирано, односно се испратени дописи. Затоа апелираме за итна координација и итно надминување на оваа опасност“, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Центарот за управување со кризи информира дека е накосен целиот потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар. Дополнителен проблем се и подземните води. Доколку зидот не се санира постои ризик целиот да се урне, да оштети автомобили кој се паркирани веднаш до зидот. Од едната страна на ѕидот има паркинг, а од другата е улица „Белградска“.

 

Би можело да ве интересира

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати

А1он

ЦУК: Пет пожари на отворено во државата до 13 часот, три сѐ уште активни

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен

А1он

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

A1on

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице e повредено

A1on

Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река во близина на Хераклеја