Мексиканката Мануела Ернандез заврши основно училиште со полни 100 години, а сега размислува кое средно училиште да го избере.
Мануела, која е родена во јуни 1913 година, морала по завршување на првото одделение да го напушти училиштето за да му помага на семејството околукуќата и имотот. Школувањето го продолжила дури минатата есен, по сугестија на нејзините внуки.
– Го сакав училиштето но не можев да продолжам. Додека моите другари учеа, јас пеглав, перев и се грижев за имотот, раскажува старицата.
Во државата Оахака во Мексико, повеќе од половина возрасно население нема завршено основно училиште.