Концерт со повеќе групи и ди-џеи од регионот ќе се одржи на 1 јули во Отешево за да се одбележи укинувањето на роамингот на Западен Балкан, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС).
На концертот „All-Western Balkans Jam“, што ќе се одржи со поддршка на Владата на Северна Македонија, ќе настапат S.A.R.S., UZUN BABA OG! – SEKTOR 909, URAN B, HELEM NEJSE, DJ SARDI и WHO SEE (С.А.Р.С. од Србија, „Узун Баба ОГ-Сектор 909“ од Северна Македонија, „Урбан Б“ од Косово, „Хелем Нејсе“ од Босна и Херцеговина, „Ди џеј Сарти“ од Албанија и „Ху Си“ од Црна Гора).
– Ова е историски успех за Западен Балкан до кој дојде како резултат на преговори што траеа речиси една година, а кои беа олеснувани од Советот за регионална соработка и Европската унија, по што претставниците на владите на сите шест економии на Западен Балкан во април 2019 година потпишаа спогодба со која се согласија, прво постепено да ги намалат цените на роамингот, за потоа, тие да бидат укинати од 1 јули 2021 година. И од 1 јули, подготвени да започнат интензивно да работат на нула тарифи за роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ, се наведува во соопштението на РСС.
Концертот ќе се одржи на плажата „Лејк вју“ во Отешево со почеток од 19 часот, а ќе може да се следи и на Јутјуб каналот на РСС, кој е организатор на концертот.