Тренерот Јакимовски гневен зашто Дарио Ивановски нема да оди на Олимпијада: Ова е еден од најголемите скандали во македонскиот спорт

Од:

Игор Јакимовски, тренерот на атлетичарот Дарио Ивановски, преку писмо до спортската јавност објавено на Фејсбук го изрази својот револт од одлуката на МОК и атлетската федерација за нашиот претставник на Олимписките игри во Токио.

„Изборот на наш репрезент за летната олимпијада ќе биде запаметен како еден од најскандалозните во историјата на македонскиот спорт.
Избор кој е резултат на шестмесечна матна игра во која влогот беше голем, добивката уште поголема, а крајот олицетворение и врв на целиот спортски хаос кој се случува во кралицата на спортовите во Македонија“, пишува Јакимовски.

„Замислете: Единствениот балкански шампион што го имала Македонија во поновата историја, единствениот што освојува медали на балканијадите, единствениот што освојува злато на Европско првенство за мали земји, единствениот што два пати фаќа норма за европско првенство, единствениот што сруши 6 пати рекорд за една полусезона, единствениот во машка категорија кој постигна најјак и недостижен резултат на сезоната по ИААФ таблица…
Единствениот и недопирлив во многу работи. Миленикот и брендот на Македонската атлетика. Спортскиот херој на Македонија цели 7 сезони. НЕМА ДА ОДИ НА ЛОИ ТОКИО !!!“, пишува меѓу другото Игор Јакимовски во опширното обраќање на Фејсбук:

Би можело да ве интересира

Левица: Обвинителството има отворено предистражна постапка за малверзациите во Македонскиот олимписки комитет

Катерина Ѓуровски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта