Русите открија новa опаснa варијанта на коронавирусот, можно е да е отпорна на вакцините

Од:

Руската Федерална агенција за биомедицина (ФМБА) соопшти дека открила нова варијанта на коронавирусот, која е способна да ја намали ефикасноста на лекувањето и превентивните лекови, вклучувајќи ги и вакцините, соопшти денеска агенцијата.

„Руски научници од ФМБА открија нови варијанти на SARS-CoV-2 вирусот. Мутациите се откриени примарно во S-протеинот и во доменот на врзување за човечките рецептори. Може да ги промени биолошките својства на вирусот и клиничките знаци на инфекцијата, а може да ја намали и ефикасноста на лекувањето и постојните вакцини, кои се тестирани на претходните видови на Ковид-19“, наведува ФМБА.

Не е соопштено како ќе се нарекува новооткриената варијанта на коронавирусот, која е забележена и изолирана во делови од Сибир, според руските научници.

Во Русија во изминатите 24 часа се регистрирани 17.262 нови случаи на Ковид-19. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, вчера изјави дека се сомнева оти наглиот скок на бројот на новозаразени во градот се должи на циркулацијата на нова мутација на вирусот.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија