Коронавирусот нагло почна пак да се шири во Москва, градоначалникот се сомнева во нова мутација

Од:

Во Москва деновиве нагло се влоши состојбата со коронавирусот, изјави денеска градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на состанокот на президиумот на работната група за борба против Ковид-19.

– Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот во Москва брзо се влошува, истакна Собјанин, посочувајќи дека руската престолнина веројатно се соочува со нова варијанта на вирусот, која е позаразна и поагресивна.

– Треба да се напомене дека ова е неочекуван развој, бидејќи повеќе од 60 проценти од населението во градот биле или заразени или вакцинирани, наведе тој, додавајќи дека станува збор за прилично голем број луѓе кои имаат имунитет.

– Очекувавме дека стапката ќе падне, а не да се зголемува, вели Собјанин.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте