Кикиљас: Дигиталниот Ковид сертификат не е привилегија или казна

Од:

Дигиталниот Ковид сертификат е мерка за заштита на јавното здравје, не го поставуваме како привилегија на вакцинираните или казна, истакна грчкиот министер за здравство, Василис Кикиљас, за време на Самитот на ЕУ во Луксембург, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас на состанокот со неговите колеги од земјите- членки на Унијата, рекол дека во изминатиот период се покажа дека справувањето со пандемијата е ефикасно, само кога напорите се заеднички и координирани.

Во Грција,пак, Комисијата на епидемиолози во текот на денешниот ден се очекува да одржи состанок на кој ќе се разгледа епидемиолошката слика во земјата и евентуално ќе предложи дополнителни олабавувања на мерките.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески