Полицијата во Јужна Африка ја истражува смртта на 20 мажи, чии тела беа пронајдени во близина на напуштен рудник за злато, јави ДПА.
„Сомневањата се дека сите починати се нелегални рудари, попознати како „зама замас “, кои работеле во застарени окна во Оркни и Стилфонтеи“, се наведува во денешното соопштение на полицијата.
Според полицијата, телата, од кои некои биле распаднати, биле пронајдени надвор од рудникот и во близина на железничките пруги во Оркни, околу 180 километри југо-западно од Јоханесбург.
Откриено е дека телата, завиткани во бела пластика, претходно биле сериозно изгорени. Врз нив ќе се изврши обдукција, се додава во соопштението на полицијата, пренесува ДПА.