Гугл секогаш реагира на сите важни случувања, а така беше и вчера, кога Врховниот суд на САД го укина законот со кој се дефинира бракот само меѓу маж и жена, што е историска одлука.
За оваа пригода Гугл го обои својот пребарувач во боите на виножитото ако во него се впишат зборовите “gay”, “lesbian”, или “LGBT”.
Имено, Гугл е познат како компанија која се залага за легализација на геј браковите, а пред една година, таа ги здружи силите и со Микрософт и Ејпл и сите заедно испратија писмо до Врховниот суд од кој го бараа тоа што вчера се оствари.