Американското Министерство за правда го тужи Гугл поради монопол

Од:

Гугл користеше антиконкурентни и незаконски методи за да ја елиминира или драстично да ја намали секоја закана за неговата доминација над технологиите што се користат за дигитално рекламирање, се наведува во документот во кој имале увид некои светски агенции.

Министерството и осум американски сојузни држави, вклучувајќи ги Калифорнија и Њујорк, бараат од судот да ја осуди калифорниската група поради кршење на законите за конкуренција, да и наложи да плати отштета и да ги запре активностите на монополското рекламирање преку Интернет.

Гугл веќе е казнет поради кршење на законите за конкуренција во Европската унија.

Компанијата во САД веќе се соочува со тужби кои ги покренаа група земји кон крајот на 2020 година. Тужбите се однесуваат и на монополот за рекламирање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Австралиска Влада: Успешен e законот кој ги обврзува Мета и Гугл да им плаќаат на медиумите

А1он

Русите истражуваат како да си ги скршат рацете за да избегнат мобилизација

А1он

Гугл ја загуби жалбата против ЕУ, мора да плати казна од 4 милијарди евра

А1он

Гугл му даде отказ на инженерот кој тврдел дека една од програмите има свест

Горан Наумовски

Гугл повторно казнет во Русија

Гугл договори плаќање на содржини од 300 медиуми во ЕУ