Албанскиот парламент им забрани пристап на новинарите, реагира претседателот Мета

Од:

Претседателството на албанскиот Парламент предложи, а пратениците донесеа одлука, со која се забранува работата на законодавниот дом медиумите да не ја следат со физичко присуство, на што реагираше претседателот Илир Мета, оценувајќи го како ограничување на слободата на медиумите и инсталирање цензуриран систем.

Во објава на Фејсбук, оценува дека оваа одлука е неприфатлива и антидемократска, притоа додавајќи дека овој чин ги ограничува слободата и независноста на медиумите и повторно го „докажува непријателството на ова Собрание со слободата на медиумите и демократијата во Албанија.

– Одлука за секаква осуда, неприфатлива и антидемократска, на еднопартиското Собрание да забрани независно известување за новинари и да го замени со официјално контролирани преноси. Овој чин, кој доаѓа истовремено со брзањето на мнозинството за еднострана узурпација и ставање под целосна контрола на Агенцијата за медиуми, ги ограничува слободата и независноста на медиумите, инсталира режим на цензура, ги крши човековите права и повторно докажува непријателство на ова монистичко Собрание кон слобода на медиуми и демократија во Албанија, напиша Мета.

Според него, токму сегашното Собрание во историјата на плуралистичкиот парламентаризам ги донело најскандалозните одлуки за сузбивање на слободата на говорот, вклучително и изгласувањето и неповлекувањето на антиуставниот закон за клевета речиси една година, со отворено отфрлање на препораки на Венецијанската комисија.

– Поддржувајќи ја праведната загриженост на заедницата на албански независни новинари и нивните странски колеги за регресијата на Албанија во врска со слободата на медиумите, го повикувам монистичкото собрание и мнозинството веднаш да се повлечат од овие практики слични на режимот на Лукашенко, кои сериозно и штетат на европската интеграција на земјата, порачува Мета.

Одлуката предвидува медиумите да ја следат активноста на Собранието во компјутерска канцеларија што ги емитува во реално време активностите, но режијата е на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски