ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја осудува постапката на вработена во болницата „8-ми Септември“, која го попречила новинарскиот тим на Клан телевизија при извршување на нивната работа. Ваквите обиди за ограничување на слободата на информирање претставуваат директен напад врз медиумските слободи и правото на јавноста да биде информирана за прашања од висок јавен интерес, велат од ЗНМ.

„Потсетуваме дека со последните измени на Кривичниот законик, нападите и попречувањата на работата на новинарите ќе се третираат како напад врз службено лице и соодветно ќе се санкционираат. Секој обид за заплашување, попречување или цензура на медиумските работници е неприфатлив и бара итна реакција од надлежните институции.

Темата за проблемите на пациентите на дијализа и нивниот пристап до здравствени услуги е од големо значење за граѓаните на земјава и бара целосна транспарентност од институциите. Наместо да се спречува медиумското известување, здравствените власти треба да обезбедат отвореност и одговорност пред јавноста, особено кога станува збор за прашања што директно го засегаат животот и здравјето на луѓето.

Ги повикуваме надлежните институции да ја истражат оваа ситуација и да преземат соодветни мерки за заштита на новинарите при извршување на нивните професионални задачи. Истовремено, апелираме до сите јавни функционери и вработени во институциите да ги почитуваат демократските принципи и да соработуваат со медиумите во интерес на вистината и транспарентноста.

Слободата на медиумите е еден од темелите на демократското општество, а секој обид за нејзино ограничување е закана за правото на граѓаните да бидат информирани“, се нагласува во реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

МИМ и ЗНМ го претставија новиот Кодекс на новинарите: ВИ може да помогне, но никогаш нема да биде новинар

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува