Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, на денешната панел дискусијата за родовата еднаквост во фудбалот, побара да се посвети поголемо внимание на женскиот фудбал.
– Долги години сум во Италија. Последните години таму женскиот фудбал оди во нагорна линија. Италијанците женскиот фудбал го гледаат исто како и машкиот фудбал. Многу внимание се посветува на женскиот фудбал. Во Македонија треба да посветиме внимание на инфраструктурата. УЕФА во последно време многу се залага, а тоа треба Фудбалската федерација на Македонија да го искористи за развој на женскиот фудбал. Мене ми е интересно да гледам натпревари од женската лига во Италија. Затоа треба да почнеме од нас, да го смениме менталитетот и да гледаме женски фудбал, изјави Пандев.
Тој на крајот во своето излагање посака еден ден и нашата женска репрезентација да се пласира на едно Европско првенство.