Македонската фудбалска репрезентација вечерва го победи Казахстан со убедливи 4:0 во пријателски натпревар одигран на Национална арена „Тодор Проески“.
Стрелци на головите беа Езгјан Алиоски, Иван Тричковски, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов.
Во текот на сите 90 минути избраниците на селекторот Игор Ангеловски доминираа на теренот, а работата им беше олеснета дополнително, по исклучувањето на Серикзан Мужиков во финишот на првото полувреме поради груб старт.
Ова беше втор подготвителен натпревар за „рисовите“, по средбата против Словенија во Скопје, која заврши без победник. Нашата репрезентација на 13 јуни во Букурешт против Австрија ќе го има премиерниот настап на Европското првенство.