Навивачите се вратија на „Тодор Проески“, Македонија и Словенија мирољубиво во првиот дел

Од:

Македонската фудбалска репрезентација и словенечкиот национален тим одиграа 0:0 по првите 45 минути на пријателската средба во Скопје.

Ова е првиот од двата предвидени контролни дуела на „црвено-жолтите“ пред настапот на Европското првенство за десет дена.

Како и што најави, селекторот Игор Ангеловски натпреварот го почна без калкулации, во најсилен состав. Недостасува Енис Барди кој е позитивен на коронавирус. Се игра агресивно од двете страни, но недостасуваат вистински шанси за гол.

По повеќе од една година, на трибините на „Тодор Проески“ се вратија навивачите. Иако капацитетот е ограничен на 30 % од македонските фудбалери имаат голема поддршка од своите фанови.

Би можело да ве интересира

Македонија забележа победа над Малта од 0-2

Македонија во атрактивна група: Италија, Англија, Украина и Малта се ривалите за ЕВРО 2024

Горан Наумовски

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

УЕФА ќе ја казни Македонија, репрезентативци ги прекршиле протоколите при тестирање во Амстердам

Жарко Настоски

Успех е самиот настап на ЕП, немам проблеми ниту со играчите, ниту со селекторот, вели Сејдини

Жарко Настоски

Нема причина за разочарување, огромно беше задоволството да се води Македонија на ЕП, вели Ангеловски

Жарко Настоски