Техеран нема објаснување за трагите од ураниум што ги откривме, велат меѓународните инспектори

Од:

Техеран не успеа да го објасни потеклото на трагите на преработен ураниум пронајдени на неколку непријавени локации, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објавен денеска.

Агенцијата на ОН исто така наведува дека не е во можност да пристапи до податоци важни за следење на нуклеарната програма на Иран од крајот на февруари, кога таа држава почна да ги ограничува меѓународните инспекции на своите постројки.

Иран почна со ограничување на инспекциите за да изврши притисок врз администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за укинување на санкциите кои беа повторно воведени откако тогашниот претседател Доналд Трамп еднострано се повлече од нуклеарниот договор на Техеран и светските сили во 2015 година.

Во Виена деновиве се водат разговори за повторно вклучување на САД во нуклеарниот договор.

Би можело да ве интересира

МААЕ побара од Русија и Украина да ја заштитат нуклеарната централа Запорожје

Ана Ололовска

МААЕ: Резервниот далновод до нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради гранатирање

Ана Ололовска

МААЕ не открила непријавени нуклеарни активности во Украина

Ана Ололовска

Гроси: МААЕ ќе спроведе независна проверка на руските обвинувања за „валкана бомба“

Горан Наумовски

Путин со порака до Гроси од МААЕ: Москва е „отворена за дијалог“ за нуклеарната централа во Украина

Ана Ололовска

Гроси: МААЕ ја смета нуклеарната централа Запорожје за украинска постројка

Ана Ололовска