МААЕ не открила непријавени нуклеарни активности во Украина

Од:

Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не пронашле докази за непријавени нуклеарни активности во три постројки во Украина, соопштено е од Агенцијата.

Украина побара инспектори да ги посетат нејзините нуклеарни постројки за да ги побијат руските тврдења дека Киев планира да употреби „валкана бомба“. Западот ги отфрли тврдењата, а аналитичарите сугерираат дека тие се дел од руската кампања за дезинформација.

„Нашата техничка и научна проценка на резултатите досега не покажа знаци на непријавени нуклеарни активности и материјали на тие три локации“, соопшти МААЕ, појаснувајќи дека ќе биде спроведена анализа на земените еколошки мостри.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба реагираше на соопштението на МААЕ, посочувајќи дека со тоа е потврдено дека, како што напиша „Русија е најголемиот светски лажго“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк