Тиркизниот прстен, што некогаш и припаѓаше на британската писателка Џејн Остин беше продаден оваа недела на аукција за 236.557 долари, што всушност е пет пати повеќе од неговата почетна цена.
Златниот прстен со голем тиркизен камен привлече осум заинтересирани купувачи, а новиот сопственик е анонимен приватен колекционер кој го купил преку телефон.
„Едноставениот и скромен прстен од Џејн Остин е убав и интимен спомен. Постигнувањето на превисоката цена се должи на фактот што постои вистински интерес за авторката и нејзиниото место во нашата литеретура“ рече Габриел Хитон од аукциската куќа „Сотби“.
Остин е една од најпознатите британски писателки во 19 век. Таа е автор на познатите „Гордост и предрасуди“ и „Разум и чувствителност“ кои станаа класици на британската книжевност.
Други предмети, кои беа присутни на аукцијата за поврзана со британската литература, историја, детски книги и илустрации се делата на Вилијам Шекспир, Шарлот Бронте, во писмата на писателот Џонатан Свифт.
На аукцијата се собраа повеќе од 1,5 милиони фунти (2,4 милиони долари), а повеќето од понудените предмети се продадоа над почетната цена.