Пендаровски и Радев заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј во Рим

Од:

Претседателите на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и на Република Бугарија, Румен Радев денеска во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј.

Двајцата шефови на држави положија свежо цвеќе пред спомен-плочите во базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички му оддадоа почит на делото на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

Двајцата претседатели по завршувањето на церемонијата изјавија дека заедничкото чествување на Св. Кирил и Методиј во Рим придонесува за јакнење на добрососедските односи и меѓусебната доверба на двете држави и двата народа.

„Сакаме да покажеме дека и на Балканот има луѓе, има политичари кои можат да зборуваат со европски јазик кога зборуваат за нашите актуелни проблеми и предизвици, и се разбира, за нашата иднина. Во колегата Радев овие два дена најдов еден соговорник со кој можеме да разговараме на ист јазик, не зборувам тука за македонскиот и за бугарскиот јазик, зборувам за европскиот јазик, кој единствено може да донесе подобра, посреќна иднина за нашите две држави и за нашите два народи“, изјави претседателот Пендаровски, кој рече дека напредок е возможен само ако во дијалогот двете држави влегуваат еднакви.

Денеска претпладне, претседателот Пендаровски имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск и оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Претседателот Пендаровски престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, а во Рим отпатува со државниот авион на Република Бугарија, заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Би можело да ве интересира

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Буџетскиот колапс ја разнишува власта – Радев бара оставка

Горан Наумовски

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Мицкоски: Бугарија има можност да се докаже на 24 јуни, па како добри соседи да ги градиме односите