Белгиските здравствени власти дозволија вакцинирање со „Фајзер“ на 16 и 17-годишници

Од:

Вишиот совет за здравство на Белгија денеска официјално даде зелено светло за вакцинирање на лицата на 16 и 17 годишна возраст со „Фајзер“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во извештајот објавен од Советот стои дека треба приоритетно да се вакцинираат младите на оваа возраст кои имаат коморбидитети.

Само вакцината на „Фајзер“ засега е одобрена за младите на оваа возраст во Белгија бидејќи нус ефектите се најслаби.

Сепак, Вишиот совет во својот извештај предупредува дека младите без коморбидитети многу ретко развиваат тешки форми на Ковид-19 и нивното вакцинирање нема да придонесе кон значително намалување на притисокот врз болниците. Со оглед на тоа, здравствените власти препорачуваат да се има на ум фактот што во посиромашни земји лица на кои им е потребна вакцината се уште немаат пристап до неа, и прашуваат дали е етички одговорно да се дава приоритет на млади без значаен здравствен ризик во богатите земји.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД