ЕУ склучи трет договор со „Фајзер“ за дополнителни 1,8 милијарда дози

Од:

Европската Комисија соопшти утрово дека е склучен нов договор со фармаевтската компанија „Фајзер“ за дополнителни 1,8 милијарда дози вакцини до 2023 година, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова е трет договор на Европската унија со „Фајзер“/„БиоНТек“. Освен резервираните 1,8 милијарда дози, договорот предвидува опционални 900 милиони дози по потреба, од крајот на оваа година до 2023.

Европската Комисија нагласи дека овие вакцини треба да бидат адаптирани на евентуални нови соеви на вирусот.

Брисел, исто така, бара вакцините да се произведуваат во ЕУ и експлицитно гарантира достава на дози за земјите на ЕУ од почетокот на 2022, за да се избегнат проблемите што се појавија на почетокот од оваа година кога не се испорачаа ветените дози.

Овој договор, според Комисијата, ја зајакнува можноста за земјите членки да донираат дози на трети земји вон ЕУ или преку механизмот Ковакс.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД