Турскиот амбасадор во Виена повикан на разговор по навредите на Ердоган кон Австрија околу Израел

Од:

Австриското Министерство за надворешни работи денеска го повика турскиот амбасадор на разговори поради навредите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за Австрија околу нејзината поддршка за Израел во конфликтот со Хамас во Појасот Газа.

– Обвинувањата на претседателот Ердоган се апсурдни. Проблемот со Блискиот Исток нема да се реши со запенавена уста, изјави шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг.

Тој додаде дека турскиот амбасадор е повикан во Министерството за надворешни работи поради „апсурдните изјави“ на Ердоган.

Ердоган вчера ја нападна Австрија поради тоа што на зградата на канцеларот и пред Министерството за надворешни работи беа истакнати израелски знамиња во знак на солидарност на Австрија со Израел во судирот со организацијата Хамас, која Израел и Австрија ја сметаат за терористичка.

– Ја проколнувам државата Австрија, која сака муслиманите да ја платат цената затоа што Австрија изврши геноцид врз Евреите, изјави вчера Ердоган.

Претседателот на Турција исто така го обвини австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер за „антитурски изјави“.

Шаленберг изјави дека Хамас е терористичка организација на која не смее да ѝ се дозволува да ги наметнува правилата на играта.

– Со паушален напад врз владите како австриската, кои, во сенка на теророт, застанаа рамо до рамо со Израел, турските политичари уште еднаш го покажуваат своето застрашувачко разбирање за законот. Наместо да додава гориво на огнот, Турција треба да придонесе за деескалација на конфликтот што е можно поскоро, посочи Шаленберг .

Во меѓувреме, израелските знамиња се отстранети од владините објекти. Претходно беше најавено дека истакнувањето на израелското знаме е „временски ограничен гест на солидарност со израелскиот народ и против теророт“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан