Полската тенисерка Ига Свјонтек во супериорен стил го освои денеска трофејот на мастерс турнирот во Рим, откако без загубен гем во финалето ја совлада Каролина Плишкова од Чешка.
За триумфот на 19-годишната Свјонтек над поранешната најдобра светска тенисерка, а моментно деветто рангирана на ВТА листата, и беа потребни само 48 минути.
– Не очекував на почетокот на турнирот дека ќе играм толку добро. Навистина сум возбудена и среќна, изјави Свјонтек по освојувањето на својата трета титула во кариерата. Претходно, Свјонтек, која е 15. рангирана во светот, триумфираше на турнирот во Лугано во 2019 година, а лани сензационално го освои и Ролан Гарос.