Како што наближуваат локалните избори, се засилува градежната офанзива на локалната власт во Велес. Во тек е изведба на проектот за изградба на систем за водоснабдување на селата Раштани и Бузалково со вода за пиење од градскиот водовод, а отпочната е реконструкција на водоводна линија на улица „Орце Мартинов“ финансирана преку проектот од Министерството за транспорт и врски, информираат од општината.
Во тек се градежни работи за асфалтирање на дел од улица „Васа Кошулчева“ во должина од околу 250 метри, извршен е ископ, планирање на терен, извршено е тампонирање, поставени улични рабници, фино планирање на тампон пред асфалтирање. Во тек се и активностите за дислокација на постоечки инсталации на телеком, ЕВН, водоводен приклучок за касарната, поместување на оградата помеѓу касарната и градилиштето, сѐ со цел да се создадат услови за отпочнување на градежни активности за асфалтирање на дел од улица “ Новопроектирана 2-2 “локалитет Касарна.
-Извршено е санирање на оштетена делница на коловозот со површина од околу 300 квадратни метри на улица „Андон Шурков“ во непосредна близина на кулите кај Узус, при што се отстрани асфалтот, се изврши ископ на тампонкскиот слој извршено е тампонирање со нов материјал 30 сантиметри и на крај се асфалтираше, појаснуваат од Општина Велес.
Во тек се активности за асфалтирање на улици во село Црквино со кофинансирање во должина од околу 580 метри. Работите опфаќаат ископ, тампонирање и асфалтирање на улиците.
Во моментов се подготвува отпочнување на градежни работи за бетонирање на дел од улица „Крали Марко“ во должина од околу 115 метри. На оваа улица ќе се изврши вадење на постоечката оштетена подлога, подготовка на површината пред бетонирање и бетонирање согласно условите на терен.
Се започна и со реализација на проектот „Изведба на атмосферска канализација“ за заштита на локацијата каде се наоѓа фудбалското игралиште во Горно Оризари од поплавување со атмосферски води.
Во тек се градежни работи за набавка и поставување на сепаратор во функција на паркингот на езеро „Младост“ кој е дел од проектот „Смарт езеро Младост “
Се поставува урбана опрема на локација -езерце во Градски парк и во село Горно Оризари, како и тековно одржување на урбана опрема во Велес.
Извршено е реконструкција на завршен слој на коловозот од асфалт на дел од улица „Благој Ѓорев“ и „8ми септември“ со површина од околу 4000 квадратни метри.
Извршено е реконструкција на завршен слој на коловозот од асфалт на дел од улица „Асном“ со површина од околу 4800 квадратни метри.
Од општината велат дека причината за наглото засилување на градежните активности не е поврзано со локалните избори, туку градењето било во согласност со Програмата за уредување на градежно земјиште за 2021 година.