Советот против албанска паралелка во велешката гимназија: Шаќири може да му ги одземе ингеренциите

Од:

Советот на општина Велес гласаше против одлуката на Министерството за образование за формирање на две дополнителни паралелки во гимназијата „Кочо Рацин“, по една на македонски и на албански јазик.

Имено, согласно конкурсот кој беше распишан пред неколку месеци и во кој јасно беа наведени критериумите и согласно бројот на пријавени ученици за упис во прва година, советниците одлучија дека бројот на паралелки во гимназијата треба да биде четири на македонски и една на албански наставен јазик.

„Се бараше да се примат ученици со помал број на поени од конкурсот кој предвидува 60+ и по секоја цена да има две албански паралелки во велешката гимназија и една во економското училиште. И сега знам дека веднаш ќе почнат да ги користат сите механизми на притисок, да најдат начин или воопшто нема да бараат па да одземат ингеренции за гимназијата, но битно е дека денес не се прекрши ниту законот за средно образование ниту пак било кој подзаконски акт. Со ова сакам да испратам јасна порака до директорот на ДПИ и министерот за образование: Никој не е над законите, никој не е против Албанците, но ред и поредок мора да има! Секој граѓанин на Македонија мора да ги почитува законите доколку и мисли добро на државата“, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски.

Притисоците кои ги наметна МОН со барање во овој уписен рок во гимназијата да се запишат сите средношколци кои конкурирале по истечениот трет уписен рок иако не ги исполнуваат минималните услови за упис.

„Знаете дека огласите за упис во средно се од месец април и мај. Во огласот бројот на паралелки е одобрен кога е одобрен и огласот . Во првиот уписен рок во истата општина каде што се отворени две дополнителни паралелки, на првиот уписен рок се појавуваат 22 ученици кои ги исполнуваат критериумите според тогашниот конкурс. Во општина Велес, каде што имаме уставно право за задолжително средно образование, не треба да оставаме деца да го реализираат своето образование затоа што имале неколку бодови помалку – вчера министерот Шаќири кој не се сложува со барањата на наставниците од гимназијата таму да учат само оние најдобрите или оние кои ги исполнуваат високите критериуми.

По оваа одлука, тој како министер може да ја искористи алатката одземање на ингеренциите на градоначалникот за СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и да донесе одлука за отворање на две нови паралелки за кои нема ученици кои го исполнуваат законскиот минимум за упис.

Неговата одлука создаде само револт кај професорите и родителите на учениците кои немаат проблем со отворање на албанска паралелка како што наведуваат од МОН, туку се незадоволни што треба да се примаат ученици со слаб успех.

– Се случуваат неправди како оваа во последниот уписен рок кој откако заврши, добивме наредба од МОН да ги примиме сите ученици кои конкурирале. Длабоко жалам и чувствуваме одговорност сакам да им се извиниме на сите родители чии деца не беа примени со 59 поени, односно беа одбиени затоа што не ги исполнуваа условите одредени од конкурсот, а сега сме приморани да примаме ученици со 41 поен, односно со добар успех. Сметаме дека децата не се еднакво третирани и како наставници не можеме да премолчиме – истакна професорот Николовски.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Советот на општина Велес застана зад велешката гимназија: Една, наместо две албански паралелки

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

МОН предлага укинување на една македонска паралелка, а отворање на една албанска во велешката гимназија

Орце Костов