Советот на општина Велес застана зад велешката гимназија: Една, наместо две албански паралелки

Од:

На вонредната седница Советот на општина Велес изгласа заклучок со која ја оспори одлуката на МОН за втора албанска паралелка во велешката гимназија „Кочо Рацин“.

„На третата вонредна седница на Советот на општина Велес, Советот со 20 гласови за и 2 против изгласа заклучок без сегрегација и со вештачки и насила наметнати решенија. Ќе се примат сите ученици согласно критериумите објавени во конкурсот, а претходно одобрени од наставничкиот совет. Потребни се минимум 60 поени за влез во Гимназија“, објави советникот Игор Смилев од Левица.

Советот препорачува да останат во учебната 2024/25 четири македонски паралелки, една албанска и една билингвална( македонско- англиска).
Ова доаѓа по обвинувањата на раководството на СОУ „Кочо Рацин“ дека министерот Јетон Шаќири донел одлука да укине паралелка на македонски наставен јазик за сметка на воведување паралелка на албански наставен јазик во прва година.

Од СОУ „Кочо Рацин“ велат дека дека спротивно на анализите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес за реалните потреби и доставениот Предлог план за упис на ученици во прва година во учебната 2024/25 година, МОН предлага укинување на една паралелка на наставен македонски јазик со што директно го ускратува правото на учениците деветтоодделенци кои следат настава на македонски јазик. Ваквиот предлог доаѓа со цел продолжување на минатогодишното кршење на наставниот процес исклучиво по етничка основа, за политички цели од политички фактори од албанска националност, обвинуваат оттаму.

Наставничкиот совет смета дека во објавениот Конкурс е нанесена неправда и е неприфатливо решение, поради што истиот донел Одлука за исправка и усогласување на Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/25 година во РС Македонија и усогласување со Предлог план за упис на ученици во учебната 2024/25 во прва година до МОН преку Градоначалник на Општина Велес, односно во прва година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес да се запишат 204 ученици во 6 паралелки и тоа:

четири паралелки со изведување на настава на македонски јазик или 136 ученици со минимум 60 поени, една билингвална (македонско – англиска) паралелка или 34 ученици со минимум 60 поени и една паралелка со изведување на настава на јазикот на заедницата – албански јазик или 34 ученика со минимум 60 поени.

Министерството за образование и наука реагираше на обвинувањата на раководството на гимназијата „Кочо Рацин“ дека МОН предложил укинување на паралелка на македонски јазик за сметка на воведување на паралелка на албански јазик.

„Неточни се обвинувањата на раководството на СОУ „Кочо Рацин“ за наводно укинување на паралелка на македонски наставен јазик, за сметка на воведување паралелка на албански наставен јазик во прва година. Конкурсот за упис во средно образование за учебната 2024/2025 година предвидува идентичен број паралелки, односно места за ученици како и минатата учебна година. Станува збор за 4 паралелки на македонски и 2 паралелки на албански наставен јазик и истите се дефинирани согласно реалните потреби на општината“, рекоа од МОН.

Би можело да ве интересира

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

МОН предлага укинување на една македонска паралелка, а отворање на една албанска во велешката гимназија

Орце Костов

Во „Тодор Јанев“ во Чашка сепак ќе се учи на албански: Ќе има нов директор и нема да се менува статутот

Орце Костов

Ќерката на директорката од Чашка која прифати албанска паралелка, се вработила во просветен инспекторат

Орце Костов

Родителите од Чашка подготвени да одат до крај: „Ќе платиме и казна ако Шаќири инсистира на албанска паралелка“

Орце Костов