МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Од:

Министерството за образование и наука реагираше на обвинувањата на раководството на гимназијата „Кочо Рацин“ дека МОН предложил укинување на паралелка на македонски јазик за сметка на воведување на паралелка на албански јазик.

„Неточни се обвинувањата на раководството на СОУ „Кочо Рацин“ за наводно укинување на паралелка на македонски наставен јазик, за сметка на воведување паралелка на албански наставен јазик во прва година. Конкурсот за упис во средно образование за учебната 2024/2025 година предвидува идентичен број паралелки, односно места за ученици како и минатата учебна година. Станува збор за 4 паралелки на македонски и 2 паралелки на албански наставен јазик и истите се дефинирани согласно реалните потреби на општината“, рекоа од МОН за „А1он“.

МОН реагираше на соопштението на наставничкиот совет дека власта продолжува со сегрегација на учениците во велешката гимназија, единствено по етничка основа и без никаква реална потреба.

Од СОУ „Кочо Рацин“ велат дека дека спротивно на анализите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес за реалните потреби и доставениот Предлог план за упис на ученици во прва година во учебната 2024/25 година, МОН предлага укинување на една паралелка на наставен македонски јазик со што директно го ускратува правото на учениците деветтоодделенци кои следат настава на македонски јазик. Ваквиот предлог доаѓа со цел продолжување на минатогодишното кршење на наставниот процес исклучиво по етничка основа, за политички цели од политички фактори од албанска националност, обвинуваат оттаму.

Наставничкиот совет смета дека во објавениот Конкурс е нанесена неправда и е неприфатливо решение, поради што истиот донел Одлука за исправка и усогласување на Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/25 година во РС Македонија и усогласување со Предлог план за упис на ученици во учебната 2024/25 во прва година до МОН преку Градоначалник на Општина Велес, односно во прва година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес да се запишат 204 ученици во 6 паралелки и тоа:

4 паралелки со изведување на настава на македонски јазик или 136 ученици со минимум 60 поени
1 билингвална (македонско – англиска) паралелка или 34 ученици со минимум 60 поени
1 паралелка со изведување на настава на јазикот на заедницата – албански јазик или 34 ученика со минимум 60 поени.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Советот на општина Велес застана зад велешката гимназија: Една, наместо две албански паралелки

Орце Костов

МОН предлага укинување на една македонска паралелка, а отворање на една албанска во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов