Писмо на првиот американски преседател Џорџ Вашингтон, во кое тој дава позитивни оценки на Предлог-уставот на САД, е продадено на аукција во Њујорк за цена од 1,4 милиони долари.
Писмото, кое Вашингтон го напишал во текот на жестоката дебата околу Уставот на САД, досега било сопственост на приватен колекционер, кој го понудил на продажба на аукциската куќа „Кристис“.
Писмото, коe има вкупно седум страници, го купил анонимен купувач, кој на аукцијата наддавал преку телефон.
Писмото е со датум до 25 април 1788 година и е адресирано до херојот на Американската револуција, Џон Армстронг.