СЗО одобри итна употреба на кинеската вакцина „Синофарм“

Од:

Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител на лекови Синофарм.

Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад, како и прва од кинеските вакцини која добива зелено светло од организацијата.

Првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека препораката е вакцинацијата со вакцината Синофарм да се врши во две дози, а таа може да се употребува кај сите луѓе постари од 18 години.

Фактот дека вакцината „Синофарм“ е на списокот на СЗО на итни вакцини е сигнал до националните регулатори дека таа е ефикасна и безбедна и ќе овозможи и оваа вакцина да се вклучи во системот Ковакс, глобална програма за распределба на вакцини во сиромашните земји.

– Ова го проширува списокот на вакцини кои Ковакс може да ги купи и ја зголемува довербата на земјите да го забрзаат одобрувањето на сопствените регулатори и да ја увезат и дадат вакцината, рече Тедрос на конференција во Женева.

Глобалната алијанса за вакцинација (ГАВИ), која управува со програмата Ковакс, ја поздрави одлуката на СЗО.

– Ова значи дека имаме уште едно безбедно и ефикасно средство во борбата против пандемијата, се вели во соопштението на Алијансата.

СЗО досега одобри итна употреба на вакцините против Ковид-19 кои ги развија „Фајзер“/„Бионтек“, „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Модерна“.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа