Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси може да биде казнет за кршење на мерките за заштита од коронавирусот, објави денешното издание на шпанскиот спортски весник „АС“.
На 3 мај, Аргентинецот организирал тимска вечера на која се собрале соиграчите пред претстојниот натпревар на шпанското првенство против Атлетико Мадрид.
Фудбалерот се соочува со казна од 3 до 60 илјади евра. Во Каталонија има ограничување за собирање најмногу до шест лица во една просторија. Ова мерка е до 8 мај. Забележано е дека на вечерата во куќата на Меси имало околу 50 луѓе.
Дури и да ја добие највисоката казна од 60.000 евра, тоа нема многу да значи за најплатениот фудбалер во светот, кој тие пари ги заработува за околу три и пол часа.