Шкотската премиерка Никола Старџен денеска изјави дека нема веднаш да предложи референдум за независност, затоа што сака земјата прво да се ослободи од пандемијата на Ковид-19.
– Сметам дека во овој момент не треба да предлагаме референдум, рече Старџен за радио Би-Би-Си.
Таа додаде дека верува во независност.
– Сакам Шкотска да биде независна, но прво мора да ја извлечеме земјата од кризата, рече таа.
Партијата во која е Старџен, Шкотската национална партија, вети дека ќе одржи нов референдум за независност до крајот на 2023 година, доколку освои мнозинството на изборите закажани за 6 мај.