Во Црна Гора во изминатите 24 часа седуммина пациенти починале како резултат на инфекција со коронавирусот, а регистрирани се 177 нови случаи од 1.336 тестови, соопштија здравствените власти во земјата.
„Двајца од починатите се од Подгорица, а по еден од Пљевља, Колашин, Беране, Никшиќ и Улцињ, а тие биле на возраст од 67 до 84 години,“ соопшти Институтот за јавно здравје во Подгорица.
Од почетокот на пандемијата, во Црна Кора од Ковид-19 починале 1.492 луѓе.
Вкупниот број на активни случаи во земјата во моментов изнесува 2.400, а од лани во март, во Црна Гора се забележани вкупно 97.257 заразени.