Скопјанец сакал со нож да боде ривал што му ја презел девојката

Од:

Млад скопјанец, огорчен од нерешени љубовни проблеми со девојка, со нож нападнал друг скопјанец на клупа во парк во населбата Тафталиџе, а на инцидентот присуствувала и девојката, соопшти полицијата.

„На 27.04.2021 околу 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Чакаларов“, С.С.(30) и М.И.(26), двајцата од Скопје, додека седеле на клупа со Т.Ј.(23) од Скопје, биле нападнати со остар предмет од В.Б.(24) од Скопје,“ се вели во полициското соопштение.

Причина за нападот, според пријавеното, биле нерасчистени љубовни проблеми меѓу напаѓачот и девојка која била заедно со нападнатите, велат од МВР, од каде додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ