Тајландскиот премиер не носел маска на состанок, му пишаа казна од 190 долари

Од:

Тајландскиот премиер Прајут Чан-о-Ча денеска бил казнет затоа што не носел маска, откако стапија на сила новите ограничувања за коронавирусот во обидот да се спречи ширењето на инфекцијата низ земјата, пренесуваат медиумите.

Носењето маски од денеска е задолжително во јавниот простор во 49-те провинции и главниот град Бангкок, каде најновото жариште е пронајдено во кварт од ноќниот живот. На непридржување кон мерката, на некои места е предвидена казна од 20.000 бати (640 американски долари).

Откако денеска на социјалните мрежи се појави фотографија од премиерот Прајут Чан-о-Ча како присуствува на состанокот без маска, гувернерот на Бангкок рече дека премиерот е казнет со 6.000 бати (190 американски долари).

„Како гувернер на Бангкок, поднесов жалба против премиерот, кој ја прифати казната“, напиша гувернерот Асвин Куанмуанг на Фејсбук.

Во Тајланд денеска беа регистрирани околу 2.048 нови случаи на заразени со коронавирус. Претходниот ден земјата регистрираше најголем дневен број жртви од почетокот на пандемијата – 11.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски