Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривични пријави против М.Г.(60) и П.Х.К.(33), двајцата државјани на Италија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Тие на 23.04.2021 на излез од Република Северна Македонија на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“ – Скопје приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови, соопшти полицијата.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 32-годишниот италијански државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков сертификат не е издаден на негово име, тој го употребил документот како вистинит со намера да отпатува од земјава, велат од Обвинителството.