Полицијата упадна во локал со танчарки во тетовско, го казни за кршење на епидемиолошките мерки

Од:

Тетовската полиција му поднесе пријава на сопственикот на угостителски објект во тетовското село Жеровјане, откако при контрола во објектот биле затекнати „12 ангажирани лица“, како и гости, кои ги кршеле важечките прописи за заштита против коронавирусот.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од с.Жеровјане, општина Боговиње и против А.А.(31) од с.Боговиње, одговорно лице во угостителскиот објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.06.2021, полициски службеници извршиле контрола во објектот и било констатирано дека работи во затворени простории и во внатрешноста биле затекнати гости и 12 лица ангажирани во објектот, со што постапиле спротивно на одлуката на Владата со која се дозволува работа само на отворените делови-терасите на угостителските објекти“, се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина