Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси се соочува со пропуштање на првиот натпревар на неговиот клуб Барселона во новата сезона од Лигата на шампионите.
Аргентинецот и неговиот татко поради неплаќање даноци имаат закажано судско рочиште на 17 септември, истиот ден за кога се закажани првите натпревари од групната фаза во сезоната 2013/14 од елитното натпреварување на УЕФА.
Обвинителството во Шпанија против Меси и неговиот татко покрена обвиненија за затајување данок во периодот 2007-2009 година, а останува на судот да одлучи дали престапот ќе се смета за кривично дело.
Меси беше изненаден од целиот случај, а Барселона се уште не излезе со официјален коментар.