Најмалку четири лица загинаа, а 12 други се повредени во силната експлозија во еден луксузен хотел во југозападен Пакистан, соопшти пакистанската полиција, која ја потврди експлозијата, пренесоа британските медиуми.
Во истрагата се разгледува и сомнеж дека цел на нападот бил кинескиот амбасадор, кој престојувал во хотелот каде бомбата била активирана на паркинг, пренесе Си-Ен-Ен.
-Кинескиот амбасадор во Пакистан не бил во хотелот за време на експлозијата, изјави министерот за внатрешни работи Шеик Рашид Ахмад.
Ахмад кажа дека автомобилот наполнет со експлозивни средства експлодирал на паркингот на луксузниот хотел „Серена“ во градот Квета, пренесуваат британските медиуми.
Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за нападот.
-Тоа беше самоубиствен напад, нашиот бомбаш самоубиец активираше експлозив во автомобил, изјавија талибанците за британските меидуми.
Кинеската амбасада не даде коментар за инцидентот.