Млади кавадарчани се собирале во Спомен-костурницата, комуналното претпријатие ја затвори

Од:

Јавното комунално претпријатие во Кавадарци одлучи привремено превентивно да биде заклучен влезот во Спомен-костурницата во Кавадарци бидејќи се случувало несовесни поединци таму да поминуваат време и да се групираат во услови на пандемија.

– Секоја чест на мнозинството кое ги почитува мерките за заштита од Ковид-19. Но има и такви кои, за жал, не ги почитуваат тие мерки во изминатиот период. Токму поради тоа се одлучивме на ваков чекор. Иако, за сите организирани и најавени посети на Спомен-костурницата, во услови на пандемија и со почитување на превентивните мерки, стоиме на располагање да се отклучува објектот, велат од комуналното претпријатие.

Спомен-костурницата се наоѓа во градскиот парк. Изградена епред 45 години во чест на загинатите во Народноодлободителната војна 1941-1945 година. Спомен-објектот е дело на инженер архитект Петар Муличковски, тогаш професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Симболизира стара македонска куќа, која претставува вечно почивалиште на паднатите борци и жртви на фашистичкиот терор.

На портите на влезот во Спомен-костурницата го има грозјето како симбол на градот Кавадарци.

Кавадарчани го поздравија превентивното заклучување на објектот и рекоа дека едвај чекаат повторно да биде достапен во секое време. Според нив, глетката од врвот на Костурницата е меѓу најубавите и тоа е едно од омилените места за селфи-фотографии на посетителите.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење