Јапонија побара од Фајзер дополнителни дози вакцини

Од:

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга побара од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ дополнителни дози вакцини против Ковид-19, објавија медиумите.

Суга ова го побара на виртуелна средба со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, на последниот ден од неговата тридневна посета на Вашингтон, каде се сретна со американскиот претседател Џо Бајден.

Јапонскиот премиер и американскиот претседател се согласија двете земји заеднички да работат за да му овозможат на регионот пристап до вакцините во пандемијата на коронавирусот.

Јапонија во понеделникот започна да вакцинира околу 36 милиони луѓе постари од 65 години, откако започна кампањата за вакцинација на здравствените работници на 17 февруари.

Досега, само 0,9 проценти од населението во Јапонија ја примило првата доза вакцина, наспроти 2,5 проценти во Јужна Кореја и 48 проценти во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД