„Дуелите“ меѓу човекот и бикот се вообичаена гледка во шпанските кориди, но борба меѓу бестрашен маж и избеган бик на сред улица е невообичаена појава дури и за Шпанија.
Ваков инцидент се случил кога бик тежок 200 килограми успеал да избега од еден камион, по што 60-тина минути ги „тероризирал“ возачите. Но, „теророт“ на бикот заврши кога на улицата се појави еден бестрашен маж, кој се фати во коштец со разбеснетото животно и го собори на земја.
Сето ова можеби ќе останеше незабележано, ако еден случаен минувач не ја снимеше целата „борба“ меѓу мажот и двегодишниот бик со својот мобилен телефон.
По настанот полицијата соопшти дека избеганиот бик во својот уличен поход оштетил четири автомобили и повредил еден полицаец кој помагал во фаќањето на животното.