Луѓе во години се тепале пред кафеана во Аеродром

Од:

Тепачка меѓу двајца скопјани на возраст од 66 и 50 години се случила вчеравечер пред кафеана во скопската населба Аеродром, информираат од МВР.

„На 13.03.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачје на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Л.(50) и Б.В.(66), двајцата од Скопје,“ се вели во соопштението.

Сочинет е записник за константиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката

Син уби татко во Скопје

А1он

Пукање од автомобил во скопски Центар

Се запали автомобил во движење, возачот се здоби со изгореници

Катерина Ѓуровски