Трајни и подолгорочни навики што се стекнуваат в затвор

Од:

Животот зад решетки е доста различен од секојдневието и се создаваат навики од коишто, понекогаш, е тешко да се ослободите по издржување на казната. И, излегувањето не значи дека вашиот живот веднаш ќе се врати во нормала…

Така, еден корисник на „Редит“ ги праша поранешните затвореници – што е тоа на коешто најтешко се навикнале по излегувањето од затвор? Доби повеќе одговори…

„Складирање тоалетна хартија. Сѐ уште се фаќам себеси како собирам ролни под креветот. Главно го правам тоа без размислување, инстинктивно.”

„Цигара во џебот… Не пушам, но секојпат кога некој ќе ми понудеше цигара, ќе ја земев. Во затворот цигарите се како валута. Ми требаа два месеци за да се ослободам од таа навика.”

„Јадете сè со лажица. Не користев виљушка со недели по излегувањето. Автоматски јадев сè со лажица.”

„Сѐ уште се штрепкате кога ќе видите остри предмети. Немам желба да ги користам за погрешни цели, јас сум само шокиран кога ќе видам дека се блиску, на дофат на рака. Ќе те изненади и тоа што сè што гледаш ти се чини како остар предмет. Најчудно ми беше стаклото и огледала во бањите. Тешко е да се занемарат сите тие предмети што може да бидат потенцијално оружје.“

„Сѐ уште се туширам помалку од пет минути, долго откако излегов од затвор.“

„Спиете до 5:00 часот. Се чувствував како да правам нешто погрешно ако спијам после 5 часот наутро, иако сега никаде не доцнам. Иронично, но сега сум поуспешен од кога и да е во однос на таа навика.”

„Секогаш сум со грбот кон ѕидот. Сѐ уште и секогаш гледам како сите луѓе излегуваат од собата и сум постојано на штрек Постојано ги проценувам луѓето околу мене и предвидувам потенцијални закани. Но, се обидувам да направам пријатели од сите – за да имам што повеќе сојузници и да не му дадам никому причина да се обиде да ме повреди.“

„Недоверба кон луѓето. Мојот пријател излезе од затвор и не може да се ослободи од таа навика. Тој вели дека луѓето во затвор никогаш немаат добри намери, и ако се случи да имаат, и тогаш има некој скриен мотив зад тоа.“

„Спиење како во ковчег… Не јас, но моето поранешно момче спиеше со рацете прекрстени на градите и не се помрднуваше во текот на ноќта. Така, со месеци. На крајот, тој сепак успеа да се ослободи од таа навика.”

„Криење на мобилниот телефон… Секојпат кога некој ќе влезе во соба! Јас сум на слобода два месеца и не можам да го запрам тој нагон.”

„Бев многу дружељубива личност, но по толку време минато сам со себе, веќе не знам како да се дружам со луѓе.“

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ