Италијанец поради љубов го напушти свештенството

Од:

Сега поранешниот свештеник Рикардо Чекобели (42), реши да го напушти свештенството, затоа што се вљубил, пишува весникот „Кориерe“. Toj минатата недела ја одржа последната миса во црквата Сан Феличе, во Маса Мартана, близу Перуџа. Се прости од верниците и ја напушти својата дотогашна должност, пишува весникот „Кориерe“.

– Не жалам за тоа, мојот избор е природен. Ја донесов одлуката по многу размислување. Не можев да продолжам да живеам криејќи ги своите чувства. Сега чувствувам слобода, искреност и интегритет, рече Чекобели.

Тој за весникот објаснува дека најпрво бил во пријателски односи со Лора, поради која го напуштил свештенството. Но, љубовта се родила спонтано и тој не го прекршил заветот на својот свештен повик додека бил свештеник.

Неговиот татко Карло, на прашање – дали е задоволен од изборот на неговиот син, рече дека „одлуките на децата се прифаќаат без прашање“.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ