Георгиадис: Оптимист сум дека мај ќе биде месецот на големо враќање во нормала

Од:

Угостителските објекти во Грција што се затворени од почетокот на ноември минатата година, според надлежниот министер за развој Адонис Георгиадис, би можеле одново да почнат со работа по Велигден, пред или заедно со отворањето на туризмот на 14 мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Георгиадис, во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ изрази оптимизам дека „мај ќе биде месецот на големо враќање во нормала“.

Објасни дека ако текот на пандемијата се одвива непречено, кафулињата, рестораните, таверните и сл, би можеле по Велигден, да почнат со работа, но само во надворешните делови, бидејќи како што истакна, „најдобро е да се комбинираат туризам и угостителство“.

-Идеално би било и се обидуваме и на тоа работиме, туризмот да се отвори со угостителството, рече министерот за развој на Грција и појасни дека можеби угостителските објекти би се отвориле кусо пред туризмот.

Откри дека побарале од Комисијата на епидемиолози да ја разгледаат можноста, во понеделник да се отворат трговските центри и моловите, објаснувајќи дека со селф тестовите ќе биде полесно.

Процесот на постепено олабавување на мерките во Грција, оди чекор по чекор, без да постојат конкретни временски рокови за отворање на активности, а единствено што е позинато и официјално соопштено е дека на 14 мај се отвора туризмот.

Земјата е од 7 ноември 202о година во карантин, со полициски час и задолжителни СМС пораки за секое движење на граѓаните, забрането е патување меѓу градови.

Пред 20 дена се отворија фризерските салони и археолошките локалитети, минатиот понеделник се отвори малопродажбата, но под посебни услови, а од вчера учениците од повисоките класови и од средните училишта се вратија во училишните клупи.

Би можело да ве интересира

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов